„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Има ли надеж за Барди и Леванте во Ла лига?

Енис Барди и неговиот Леванте синоќа ремизираа (1-1) на гостувањето кај Селта Виго во последниот натпревар од 25. коло во шпанската Ла лига.

Иако тимот од Валенсија се наоѓа во катастрофална ситуација бидејќи е на последното место на табелата со 15 бода и дури девет помалку од сигурната зона, сепак има назнака за подобри денови во Леванте.

Новиот тренер на тимот, Алешио Лиши откако е на клупата во десет натпревари освои еден бод повеќе, од неговите двајца претходници во петнаесет натпревари претходно. Тој досега освои десет бода со учинок од две победи и две нерешени, додека претходниците Пако Лопез и Хавиер Переира заедно немаа ниту една победа.

 

Се вчитува...