„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Јокиќ тргнува по стапките на Чемберлен

Никола Јокиќ повторно го предводеше Денвер до победа, овој пат над Оклахома во натпревар во кој повторно беше блиску до трипл-дабл учинок. Српскиот интернационалец мечот го заврши со 35 поени, 13 скока и 8 асистенции при резализација со 13 од 15 обиди.

Со тоа центарот на Денвер стана вториот кошаркар во историјата на НБА лигата по Вилт Чемберлен со три или повеќе натпревари на кои забележал повеќе од 30 поени, 10 скока и 5 асистенции при 85 отстотна реализација од поле.

Се вчитува...