„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Јувентус ја има осигурано иднината

Јувентус со многу среќа успеа синоќа да слави со 0-1 на гостувањето кај Фиорентина во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Копа Италија. Домаќините може да жалат за поразот бидејќи пропуштија многу шанси, а на крајот загубија со автогол во 91. минута.

И покрај многуте проблеми кои ги имаше Алегри на вчерашниот меч и само поради големата среќа успеа да стигне до триумф, сепак делува дека искусниот стратег ја има осигурано идинината на клубот од Торино.

Просекот на години на почетната постава на „старата дама“ беше 25 години и 56 дена што е убедливо најмладиот тим во последната деценија.

 

Се вчитува...