„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Кевин де Брујне влезе во избрано друштво

Манчестер сити е чекор поблиску до освојување на титулата во Премиер-лигата откако синоќа триумфираше на гостувањето кај Вулверхемптон на „Молинју“ со убедливи 1-5. Главен виновник за големата победа на „граѓаните“ беше Кевин де Брујне кој постигна четири гола.

На почетокот на мечот му требаше само 24 минути на неверојатниот Белгиец да постигне хет-трик што е трет најбрз хет-трик во историјата на Премиер-лигата. Побрзо од него до три гола на еден меч постигнале Садио Мане во 2015 против Астон Вила (16 минути) и Двајт Јорк против Арсенал во 2001 година (21 минута).

 

Се вчитува...