ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Лаутаро во друштво на Икарди и Виери

Интер стигна до голема победа во битката за Лигата на шампионите откако на домашен терен во дербито на рундата во Серија А славеше над Лацио со 3-1.

Два гола за „нероаѕурите“ на овој меч постигна Лаутаро Мартинез кој стигна до бројката од 15, што е трета сезона во низа за аргентинскиот напаѓач.

Со овој учинок тој стана само третиот играч на Интер на кој му успеало тоа по Мауро Икарди и Кристијан Виери.

 

 

Се вчитува...