„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Лидс не бил толку лош скоро петнаесет години

Премиерлигашот Лидс се наоѓа во катастрофална форма сезонава. Избраниците на Марсело Биелса играат катастрофално во англискиот шампионат. По срамниот пораз од Манчестер сити од 7-0, вчера следуваше нова катастрофа на домашен терен против Арсенал, меч кој го загубија со 1-4.

Лидс по првите 18 кола во Англија има освоено 18 бода, а прецизните статистичари пресметаа дека овој клуб не бил толку лош од сезоната 2007/2008 во било кое натпреварување во англискиот фудбал од кое беа дел во тој период.

 

 

Се вчитува...