„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Лошото момче“ Беверли го „врати“ Вестбрик во Вестбрук (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс мака мачат и во новата сезона. Една од главните причини за тоа е лошата форма за Расел Вестбрук кој не успеа да се наметне како вистински тимски играч покрај Леброн Џејмс.

Вестбрук оваа сезона беше во фокусот на јавноста по неговите промашени обиди со кои го доби надимакот „Вестбрик“, но се чини дека како одминува сезоната се подобрува учинокот на експлозивниот плејмејкер. Имено, по дуелот со Минесота во кој Патрик Беверли и Карл Ентони Таунс се исмеваа на промашувањата на 33-годишникот, искусниот играч бележи големо подобрување.

Од дуелот против „лошото момче“ Беверли, Вестбрук бележи просек од 22.0 поени со реализација од 52 отстотност за два и 47.6 за три поени, притоа додава и 8.5 скока и 9.3 асистенции. Добрата форма на Вестбрук е неопходна за Лејкерс доколку тимот сака да биде конкурентен за титула.

Се вчитува...