„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Милан на Пиоли е најдобриот во последните 20 години

Милан игра одлично на стартот на новата сезона во Серија А, кае од можни 21 бод досега освои 19.

Избраниците на Стефано Пиоли го имаат најдобриот старт на сезоната со кој се израмнија со сезоната 2003/2004 кога по седум кола почнаа со ист број на бодови. Таа сезона заврши со титула на „росонерите“, па затоа навивачите на клубот од Милано и тоа како може да се надеваат на успешна сезона.

Се вчитува...