„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Моќен Интер, моќен

Фудбалерите на Интер стигнаа до нова победа во италијанската Серија А откако синоќа на гостински терен го совладаа „фенерџијата“ Салернитана со убедливи 0-5.

Нероаѕурите и повеќе од сигурно чекорат кон титулата во Италија, а на вчерашниот натпревар достигнаа неколку достигнувања за почит.

Имено годинава фудбалерите на италијанскиот шампион постигнаа 100 гола што е за првпат во нивната историја, откако во 1950 година постигнале 99. Исто така ова е петта победа по ред за избраниците на Симоне Инзаги во која немаат примено гол што се случува само трет пат во клупската историја. Претходно тоа беше случај во 1989 и 1996 година.

 

 

Се вчитува...