ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Најлошата Барселона во последните 18 години

Нов тренер, но стари проблеми. Со доаѓањето на Чави Хернандес на клупата на катаолнскиот клуб, нешто од нешто се промени, но факт е дека Барселона има најслаба сезона во последните 18 години.

Во 16. коло вчера Барселона е поразена од Бетис на свој терен на „Ноу Камп“. Беше тоа првиот пораз на легендата на Барселона.

Во моментов Барселона има 23 бода после 15 кола, што е најслабиот старт на каталонскиот клуб уште од 2003 година. Покрај тоа, следната недела Барса може да биде елиминирана уште во групната фаза во Лигата на шампионите, првпат после 21 година. Тоа ќе биде допирање на дното за „Каталонците“.

Се вчитува...