„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Наполи на Елмас е подобар од оној на Марадона

Откако ја осигура титулата во Серија А, Наполи успеа да направи и нов подвиг во сезоната совладувајќи ги сите 19 тимови во италијанското првенство. До успехот Елиф Елмас и соиграчите стигнаа на дербито на 36. коло во кое славеа со 3-1 против финалистот во Лигата на Шампиони, Интер.

Со тоа неаполитанците поставија и нов клупски рекорд кој не успеа да го постави ниту шампионската генерација предводена од Диего Марадона. Наполи воедно му се приклучи на Јувентус кој беше единствениот тим со ваков успех.

Се вчитува...