„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Не е воопшто чудно што Милан и Интер ремизираа во Копа Италија

Големите градски ривали Милан и Интер синоќа ремизираа без голови 0-0 во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Копа Италија.

Натпреварот кој не донесе големи возбудувања, потврди дека се ќе се решава во реваншот од полуфиналето. Сепак, статистичарите објавија дека ваков исход бил и очекуван. Кога играат овие два тима во полуфиналето на било кое натпреварување во последните четири пати натпреварот завршува без победник.

Во 1985 одиграле 1-1 во Купот на Италија, а во четвртфиналето во Лигата на шампионите во 2003 година мечевите завршија 0-0 и 1-1.

 

Се вчитува...