„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Нема веќе максимални репрезентации во квалификациите за СП 2022

Нема веќе репрезентации со максимален учинок во квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар. Данска синоќа во натпревар без резултатско значење загуби на гостувањето кај Шкотска со 2-0.

Данците можеа да го завршат квалификацискиот циклус со максимален учинок откако триумфираа на претходните девет натпревари, но сепак на крајот Шкотите успеаја да ја прекинат одличната низа на Данците.

 

 

Се вчитува...