„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Обамејанг е „хет-трик машина“

Барселона триумфираше со 1-4 на гостувањето кај Валенсија во натпревар од 25. коло во шпанската Ла лига. Херој на Каталонците на овој меч беше најновата аквизиција Пјер-Ерик Обамејанг кој натпреварот го заврши со три гола.

На овој меч репрезентативецот на Габон испиша историја станувајќи првиот фудбалер во историјата кој постигнал хет-трик во четири од топ пет лигите во Европа. Претходно, тој стигаше до ваков учинок и во Лига 1, Бундеслигата и Премиер-лигата.

 

Се вчитува...