ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Потер се мачи во Премиер-лига, но за ЛШ е вистински генијалец

Фудбалерите на Челси се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен ја совладаа Борусија Дортмунд со 2-0 и со тоа успеаја да ја анулираат негативата од 0-1 од првиот натпревар одигран во Германија.

Менаџерот на „сините“ од Лондон Греам Потер успеа да стигне до петтата победа сезонава во Лигата на шампионите со што стана само вториот англиски стратег по сезоната 2002/2003 и Боби Робсон кој успеал да стигне до пет победи во елитата.

 

Се вчитува...