ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Рашфорд е најдобриот „ѓавол“ во историјата на Лига купот

Манчестер јунајтед веќе е во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч славеше на гостувањето кај Саутемптон со убедливи 0-3.

Првиот погодок за „црвените-ѓаволи“ на неверојатен начин го постигна Маркус Рашфорд. За англискиот репрезентативец ова е петти гол сезонава во ова натпреварување и со тоа се израмни со Карлос Тевез за фудбалер на Манчестер јунајтед со најмногу голови во Лига купот во една натпреварувачка сезона.

 

 

Се вчитува...