Челси доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако и во реваншот од четвртфиналето загуби од актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Интересно е тоа што откако на чело на клубот дојде Тод Боели, „сините“ од Лондон се една катастрофална организација. По отказот на Греам Потер, во клубот се врати Френк Лампард кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.
По враќањето на „Стемфорд бриџ“ Френк Лампард го водеше Челси на четири натпревари на кои забележа исто толку порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА