Ерик Тен Хаг е најдобриот менаџер на Манчестер Јунајтед во историјата, според бројот на победи во првите 50 натпревари како тренер на екипата.
Со денешната победа над Лутон од 1-0, Тен Хаг стигна до 30-тата победа во првите 50 меча како предводник на Јунајтед, нешто на кое досега никому му се нема случено во долгата историја на клубот.
За време на неговото раководење, тимот дојде до 96 поени. За споредба, Јирген Клоп во првите 50 меча на клупата на Ливерпул стигна до 92 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА