„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Валенсија и Бетис првпат меѓусебно во финале на „Копа дел реј“

Валенсија и Реал Бетис ќе играат за трофејот во „Копа дел реј“. Валенсија беше подобра од Атлетик Билбао во полуфиналниот двомеч, додека Реал Бетис го исфрли Рајо Валјекано на нашиот Столе Димитриевски.

Ова ќе биде десетта пресметка на овие два тима во националниот куп на Шпанија, но за првпат ќе се сретнат во натпреварот за трофејот. Валенсија ќе се бори за својот деветти трофеј, а последен пат славеа во „Купот на кралот“ во 2019 година.

Од друга страна Бетис ќе се бори за својот трет трофеј, кој последен пат го освои во 2005 година.

 

Се вчитува...