Реал Сосиедад го освои „Олд Трафорд“ на отварањето на новата сезона во Лига Европа. Шпанците славеа против Манчестер Јунајтед со 0-1 благодарение на голот на Брејс Мендез од белата точка во второто полувреме.
Триумфот на шпанскиот состав значи и нова победа на легендарниот фубалер Давид Силва во домот на „црвените ѓаволи“. За поранешниот ас на Манчестер Сити тоа е седма победа на истото место од 2011 година со што стана играчот со најмногу победи на „Олд Трафорд“ во овој период.
7 – Last night was the seventh time in his career that David Silva has won at Old Trafford; the most victories by a visiting player in the period since he played there for the first time (February 2011). Dreams. pic.twitter.com/J944P5IVVr
— OptaJoe (@OptaJoe) September 9, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА