Во првата сезона по враќањето во Премиерлигата, Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед постигна 24 гола во 39 меча, но во Прмиерлигата е освоено разочараувачкото шесто место, кое носи во Лигата на Европа, а навивачите неколкупати го искажуваа својот револт.
Џон Барнс, екс играчот на Ливерпул со кој освои две титули, и беше прогласен за најдобар играч во Англија, смета дека Јунајтед би бил подобар без Роналдо.
„Тој предизвикува неединство. Ако не му дојде топка, ги дига рацете во воздух. Тоа е одличен пример, зарем не? Роналдо оди наоколу и како да кажува: „Јас ја работам својата работа, вистинскиот лидер не “, смета Барнс кој сега е во улогата на стручен коментатор.
Тој смета дека навивачите го сакаат, но дека ако работите не одат како треба, тој се однесува како да не е виновен.
„Една екипа не смее да биде така. Знаеме дека Роналдо добро одигра за себе, но нели е подобро некој да постигне помалку голови, а Јунајтед да има подобар пласман? Би било подобро да се повоиграна екипа, да има подобра хармонија. Роналдо во тој случај не би забивал, но Јунајтед би била подобра екипа и која би имала повеќе победи. Роналдо лошо влијае на соиграчите. Рашфорд, Фернандес, Санчо би имале подобра сезона да не е Роналдо. Виновен е тој што го врати во клубот“, заклучи Барнс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА