За прв пат Ротари трка по улиците на Кочани

На 26.03.2022  во Кочани по централното градско подрачје за прв пат ќе се одржи   Ротари трка ( Rotary run)  на 5 и 10 км. Организатор на оваа трка  е Ротари Клуб Кочани–Виница. Трката е  со старт и цел  во  центарот на градот  со почеток во 18.00 часот и ќе се трча во круг  со должина од 5 километри.

Сите учесници ќе добијат стартен број со чип, подароци од спонзорите и финишерски медал. Пријавувањето е  на  www.smartrace.club  и  е отворено до 20.03.2022. По завршувањео на трката е  предвидена забава со локални ДиЏеј и Бендови.

Сите средства кои ке бидат собрани ќе бидат наменети за  реализирање на проекти во Кочани и Виница  за развој на спортот.  Како Ротари Клуб се водиме со мотото Service Above Self  и се надеваме дека оваа трка ќе прерасне во традиција со што ќе ни овозможи и повеќе проекти за реализирање.

Се вчитува...