За првпат во Загреб ќе бидат имплементирани нови правила во ватерполото

Одредени правила за ватерполо наскоро ќе бидат променети, почнувајќи од квалификацискиот турнир за СП во Загреб. На него ќе учествуваат Хрватска, Италија, Унгарија, Франција, Јапонија и САД. Тоа ќе биде првото натпреварување во Европа што ќе се игра според изменетите правила.

Правилото на два метра: Просторот во кој т.н правилото од 2 метри повеќе не важи за целата ширина на базенот на 2 метри од голот, туку само за потесен простор „2 метри од гол линијата кон средината и 2 метри од десната и левата статива“.

Фаул за петерецот: Судијата сега може да го одложи досудувањето на петерец со одлука додека трае акцијата, за да почека дали напаѓачот сепак ќе постигне гол. Доколку не постигне гол, судијата може  да досуди пенал.

Извршување на петерец: За време на изведувањето на петерецот, освен голманот и изведувачите, сите други играчи мора да бидат оддалечени 6 метри од гол линијата (5 метри досега) и најмалку 3 метри (2 метри од изведувачите досега). Голманот мора да биде на замислената гол линија, а судијата може да го опомене само еднаш доколку не е на вистинската позиција. Ако голманот го повтори прекршокот, доплива поблиску до изведувачот, судијата има право да го исклучи. Исклучениот голман има право да биде заменет со играч на неговиот тим, но тој што е на теренот, а не некој од клупата

Жолти и црвени картони: Играчите на клупата и официјалните лица на неа сега можат да добијат жолт картон. Досега веднаш добиваа црвени картони за неспортско однесување, гласно неодобрување на судиите и слично.

Исклучување без топка: Чести ситуации кои се претвораа во поголема шанса од петерец, бидејќи играчот на кој беше досуден прекршок на простор од 2 метри остануваше незаштитен, соиграчите брзо му ја додаваа топката од надворешната линија што автоматски беше зицер. Сега на судиите им се предлага да му дозволат на одбранбениот тим да се постави

Се вчитува...