За само 40 минути продадени се сите 80.000 билети за боксерскиот спектакл Фјури-Џошуа

Долгоочекуваниот боксерски спектакл помеѓу двајцата Англичани, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа е закажан за 11 декември година, но уште сега соборува рекорди.

Имено, сите 80.000 влезници кои се пуштени во продажба за спектаклот, се распродадени за само 40 минути. Повеќе од 500.000 луѓе чекаа да започне продажбата на билетите, но само 80.000 среќници дојдоа до билет.

 

Цената на влезниците се движеше од 80 па се до 13.000 фунти. Само од продажба на билети се очекува да се инкасираат дури 26 милиони фунти, а целиот финансиски пакет за спектаклот би требало да изнесува 150 милиони фунти.

Мечот ќе се одржи на фудбалскиот стадион „Принсипалити“ во Кардиф, а англиските медиуми пишуваат дека тоа ќе биде најскапа борба на англиско тло во историјата.

 

Се вчитува...