Францускиот првак ПСЖ е актуелен европски првак, Килијан Мбапе игра во животна форма, но за новиот француски селектор Зинедин Зидан нема дилема кој треба да ја освои Златната топка – Лионел Меси.
Аргентинскиот генијалец по 17. пат во кариерата се најде на листата кандидати за големото индивидуално признание, а Зидан јасно стави до знаење за кого навива во оваа трка.
„Сто пати да ми дадете да гласам, сто пати ќе го дадам својот глас за Лео Меси. И ако ме прашате дали тој треба да ја добие Златната топка за 2026 година, без раззмислување ќе кажам ДА. Зошто би било изненадување? Мислам дека луѓето немаат претстава колку е тешко да играш на такво ниво на 39-годишна возраст. А она што го правеше Лео на мундијалот беше навистина неверојатно… И дајте еднаш засекогаш да ја затвориме темата за најдобар на сите времиња. Ако некој се уште се сомнева дека тој епитет треба да му припадне на Меси, за тие луѓе не треба да има место во фудбалот“, полн е со комплименти Зидан за аргентинскиот фудбалски генијалец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
