„Заборавениот“ од Јунајтед се сели во Шпанија

Холандскиот фудбалер и член на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, е пред преселба во таборот на Реал Сосиедад, пренесуваат шпанските и англиските медиуми.

Ван де Бек дојде како големо засилување во Јунајтед од Ајакс, мина една сезона на позајмица, но немаше речиси никаква минутажа во тимот од „Олд Трафорд“, по што разделбата беше најрелна опција.

Во Ван де Бек, Сосиедад гледа замена за Давид Силва, кој се реши да се пензионира по тешката повреда на коленото. Ван де Бек дојде во Јунајтед во 2020 година од Ајакс за 35 милиони фунти, плус пет милиони како бонуси. За „црвените ѓаволи“ одигра само 19 меча.

Инаку тимот од Сан Себастијан преговара за позајмица, но не е исклучена можноста да се пресели и со целосен трансфер, или со задолжителен откуп на крајот од сезоната.

Се вчитува...