„Заборавениот“ Робињо ќе биде големо засилување на Сиваспор

Турскиот прволигаш Сиваспор ги договори условите за ангажман на екс-напаѓачот на Реал Мадрид, Робињо. Клубот утринава соопшти дека сите детали околу трансферот се договорени, и тој официјално ќе биде претставен во најскоро време.

Бразилецот се соочува со приватни проблеми, му се заканува затворска казна од девет години бидејќи е обвинет дека учествувал во сексуален напад врз девојка во 2013 година во Италија. Атлетико Минеиро беше неговиот последен клуб за кој настапуваше, минатата сезона беше избран за најдобар играч на првенството во Бразил, а исто така играше феноменално и во Копа Либертадорес.

Иако за него имаше интерес од неколку клубови, поради обвиненијата многу клубови одлучија да не преговараат за негов ангажман. Сиваспор го занемари неговиот проблем и ќе ги израдува своите навивачи претставувајќи го како големо засилување на клубот.

Робињо во неговите најдобри фудбалски години го носеше дресот на Реал Мадрид, а своевремено беше член и на Манчестер сити, Милан, Сантош и на Гвангжу Евергранде.

Се вчитува...