Заборавете ја ЛШ каква што ја познавате – Од 2024 нов систем на натпреварување?

УЕФА планира во 2024 година да ја реконструира Лигата на шампионите и да формира полузатворен систем на натпреварување во кој 24 елитни клуба ќе имаат загарантирано место во натпреварувањето, пренесуваат медиумите ширум светот.

Година наназад се шпекулира дека најбогатите клубови во Европа, не се најзадоволни од форматот во Лигата на шампионите. Покрај 24 клуба кои ќе имаат загарантирано место без разлика на пласманот во домашното првенство, четири екипи ќе се квалификуваат од Лигата на Европа, додека преостанатите четири места ќе бидат наменети за клубови кои ќе учествуваат во квалификациите.

Тие ќе бидат поделени во четири групи по осум тима, како би имало што повеќе интересни и атрактивни натпревари уште во групната фаза. Во нокаут рундата ќе одат четирите најдобропласирани екипи од секоја група, а останатите ќе разигруваат за опстанок.

Се вчитува...