Забранa во Премиер-лигата поради коронавирусот

Фудбалерите на клубовите од Премиер-лигата нема меѓусебно да се ракуваат пред почетокот на натпреварите, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Фер-плеј ракувањето меѓу фудбалерите и судиите во Премиер-лигата ќе биде прескокнато викендов на совете на лекарите. Коронавирусот се шири и може да се пренесе преку раце и преку ракување“, стои во соопштението од Премиер-лигата. 

Останатиот дел од протоколот пред почетокот на натпреварите ќе остане ист, а фудбалерите само нема да се смеат да се ракуваат меѓусебно.

Се вчитува...