Забрането гушкање, плукање, менување дресови, пиење од исто шише – ригорозни правила за продолжение на фудбалската сезона

Забрана за радување и гушкање на терен, за плукање, менување дресови и делење шишиња за вода. Ова е дел од медицинскиот протокол кој ќе им биде преставен на капитените на сите 20 екипи и е дел од процедурата за спроведување на „Проект Рестарт“, планот за продолжување на сезоната во Премиер-лигата.

Гласањето за продолжението од сезоната ќе биде в понеделник за кога се очекува веќе да бидат и соопштени намалувањата на рестриктивните мерки кои ги одреди Владата на Велика Британија.

Регулативата толку ќе биде строга, што плукањето би било забрането и за време на тренинзите. Можно е дури на судиите и да им биде дадено право да доделуваат картони и на „плукачите“ за време на натпреварите.

Се вчитува...