Заглавија преговорите за Гвардиола: Сити не плаќа 100 милиони евра, Лајпциг не сака ни да чуе за попуст

Трансферот на Јошко Гвардиол од Лајпциг во Манчестер Сити воопшто не е завршена работа како што тврдеа бројни европски медиуми на чело со трансфер-гуруто Фабрицио Романо пред помалку од 48 часа.

Тогаш беше најавено дека е постигнат целосен договор меѓу клубовите и дека Гвардиол до петок ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со Сити. Сега веќе е јасно дека не само што тоа не се случи, туку и дека Лајпциг и Манчестер Сити не се ниту блиску до понудата и побарувачката за Гвардиол.

Имено, германскиот клуб инсистира на отштета од 100 милиони евра за 21-годишниот Хрват, кој со тоа би станал најскап дефанзивец во фудбалската историја. Лајпциг треба да издвои 20% од оваа сума на Динамо Загреб, поради што Германците воопшто не планираат да го продадат Гвардиол под 100 милиони, свесни дека следното лето тој има активна клаузула за заминување над оваа сума.

Од друга страна, Сити нема намера да плати рекорден трансфер за овој фудбалер. Гвардиола навистина има високо мислење за перспективниот дефанзивец, но „граѓаните“ не сакаат да уриваат рекорд за Хрватот.

„Се пишуваше за договор и за лекарски прегледи, но како што може да видите – ништо од тоа не е вистина. Гвардиол е професионалец и ќе остане со нас додека не биде постигнат договор, а во моментов сме предалеку од договор. Сити знае што сакаме ние, треба да испрати понуда во рамките на она што го очекуваме“, порачаа од Лајпциг.

Се вчитува...