Загреб не направи чудо, па налета на Вардар

Екипата на Загреб е ривалот на Вардар во осминафиналето од ракометната лига на шампиони, по драматичната завршница на натпреварите од групата Б во која хрватскиот првак сепак остана зад Мотор на табелата. Пик Сегед и Загреб одиграа супер-драматичен натпревар во кој хрватскиот клуб прокоцка два гола предност, а потоа во последната минута се врати од „минус два“ и ремизираше 26-26. Тоа беше доволно за да се израмни со Мотор по бројот на бодови, но поради послабиот меѓусебен дуел Загреб остана на шестата позиција, што носи пресметки со Вардар во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Во една таква ситуација, незначаен остана поразот на Жарко Пешевски и Мотор на гостувањето против фаворитот ПСЖ со убедливи 31-25.

Победникот од овој двомеч во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелите меѓу Пик Сегед и Висла Плоцк, откако полскиот вицепрвак направи чудо на реваншот со Бјерингбро, славејќи во Данска со 20-27, на тој начин надополнувајќи ја негативата од четири гола од поразот на првиот натпревар на домашен терен.

Се вчитува...