Аргентинската мечувалка Марија Белен Перез Морис загуби на своето деби на ОИ во Токио, но денешниот ден ќе го памети цел живот, бидејќи веднаш по поразот доби понуда за брак од својот тренер Лукас Гилјермо Сауседо.
Сауседо и Морис се во врска цели 17 години, а таа во 2010 ја одбила неговата понуда за брак. Тој чекал цели 11 години за повторно да го праша истото прашање, овојпат за време на Олимписките Игри во Токио.
Перез Морис даваше изјава пред медиумите кога веднаш зад неа се појави Сауседо, држејќи лист на кој пишуваше: Ќе се омажиш ли за мене? Те молам.
За разлика од пред 11 година, овојпат одговорот на Аргентинката беше позитивен.
Y después del combate de esgrima le pidieron casamiento a María Belén Pérez Maurice en vivo. pic.twitter.com/wEmGuOW7CB
— Rústico (@lautarojl) July 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА