Заха донесе победа над Саутемптон, момент за историја во Премиер-лигата

Кристал Палас ја отвори новата премиерлигашка сезона со победа, откако избраниците на Рој Хоџсон триумфираа над Саутемптон со 1-0. Во главна улога беше Заха, кој го постигна победничкиот погодок во 13. минута, по еден одличен контранапад и асистенција на Таунсенд.

Заха во второто полувреме постигна уште еден погодок, но славјето беше залудно бидејќи по прегледувањето на снимката беше утврдено дека асот на Кристал Палас се наоѓал во офсајд и голот беше поништен.

Денешниот дуел на „Селхарст Парк“ донесе и историски момент за Премиер-лигата, за првпат еден судија користеше монитор за следење на ВАР-ситуација и ја промени одлуката. Откако лани имаше бурни реакции бидејќи главните судии не ги гледаа спорните ситуации на повторена снимка, тоа правило е сменето од сезонава и веднаш вроди со плод, откако најпрвин му беше покажан црвен картон на гостинскиот фудбалер Вокер-Питерс, за потоа одлуката да биде сменета само во жолт картон.

Се вчитува...