Захариевски: Добредојдена победа пред полуфиналето во Купот на Македонија

По четири едноподруго натпревари без триумф, Струга ТЛ конечно дојде до победа во домашниот шампионат, сосема заслужено славејќи со 3-1 против Беласица во 25. коло од ПМФЛ.

Стружани повеќе од заслужено победија, обезбедувајќи ги трите бода уште во првото полувреме со два гола.

„По четири натпревари успеавме да победиме. Го почнавме мечот малку во грчот, но како одминуваше времето фативме ритам и многу брзо со два гола безмалку ја осигурувме победата. Во второто полувреме рутински влеговме, па откако дојдовме до предност и од 3-0 се беше јасно. Ова е добредојдена победа како дополнителен поттик за тоа што не очекува веќе во среда против Силекс во полуфиналето од Купот на Македонија“ – ни изјави Захариевски по победата над Беласица.

Се вчитува...