Захариевски: Лоша фудбалска претстава, првите мечеви се секогаш тешки

Стратегот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски реално нагласува дека двете екипи одиграле неквалитетен натпревар во меѓусебното реми (1-1) со Македонија ЃП на стартот од пролетниот дел од сезоната.

Захариевски потенцира дека поделбата на бодовите е реална, но останале должни на теренот…

„Првиот натпревар е најтежок бидејќи играчите поминале големи и тешки подготовки и на некој начин не се се уште во посакуваниот натпреварувачки ритам. Знаевме дека не очекува тешка средба, исполнета со рововска битка на секоја педа од теренот. Бодовите ги посакувавме двете екипи, затоа мечот на моменти беше многу нервозен. Морам да признаам дека останавме должни за една добра фудбалска претстава, но во иднина ќе се поправиме“ – ни изјави Захариевски.

Се вчитува...