Захариевски: По двата брзи гола потоа беше полесно, триумфот е добар мотив пред Купот

Стратегот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски сосема очекувано е задоволен од убедливата победа на неговиот тим против Беласица од 3-0 во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Почетокот во кој постигнавме два погодоци беа клучни за исходот и текот на натпреварот. Потоа беше полесно да се игра и да се креираат прилики. Сакам да упатам честитки и поддршка за Беласица која одигра добро и покрај негативата“ – истакна Захариевски по дуелот во Струга.

Стрелец на вториот погодок за стружани беше Филип Миленковски кој вели дека оваа победа е добар мотив пред дуелот во среда во Купот на Македонија против Работнички во Струга.

„Добро се подготвивме за натпреварот со Беласица. Мора да се признае дека добро отворивме и успеавме за краток временски период да постигнеме два погодоци. Триумфот ќе ни даде ветар во грб за натпреварот во Купот на Македонија и за следните предизвици во Првата лига“ – вели Миленковски.

Се вчитува...