Захариевски: Среќен сум што донесовме историја за Струга Трим Лум

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски не го криеше задоволство од историскиот успех на тимот и обезбедениот пласман следната сезона на европската сцена.

Стружани денеска дојдоа до посакуваната победа на гостувањето против Силекс во Кратово, со што, по само шестгодишно постоење на тимот, стигнаа до УЕФА Конференциската лига.

„Ова за Струга Трим Лум е навистина историски успех кој доаѓа како резултат на една максимално посветена работа на сите структури во клубот. Честитики за фудбалерите за одличната сезона и заслужениот успех, иако имавме денеска навистина повеќе од тежок натпревар во Кратово. Игравме и со играч помалку, но на крајот пресудија желбата за победата, срцето и ангажираноста“ – ни изјави Захариевски по големата победа за Струга ТЛ во Кратово.

Се вчитува...