Захариевски: Целосно доминиравме против Работнички, но немавме и малку среќа за трите бода

Струга ТЛ беше подобра екипа на дуелот против Работнички во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига, но не успеа да го искористи тоа да дојде до посакуваниот триумф.

Стратегот Срѓан Захариевски вели дека е штета што неговиот тим не ја искористи доминацијата на терен и покрај силните атаци до последните минути од средбата.

„Одигравме навистина добар еден натпревар за македонските прволигашки услови. Мислам дека низ сите 90 минути доминиравме, до последен момент атакувавме на победата но и покрај серија шанси ете не успеавме до трите бода. Знам дека ни недостасуваат и играчи во момент, но јас секогаш потенцирам дека сите овие се фудбалери на Струга Трим Лум кои еднакво одговараат на сите задачи. Ние сме колектив, и ритамот среда-недела не го чувствуваме затоа што мотивот постојано не носи од натпревар на натпревар“ – вели Захариевски за ЕКИПА по вчерашниот дуел со „романтичарите“.

Се вчитува...