Захов: Натпреварот со Вардар ќе биде како финале кое сакаме да го добиеме

Шкендија во сабота ќе му гостува на Вардар во последниот натпревар пред репрезентативната пауза. Голманот на тимот од Теотов, Костадин Захов вели дека доколку сакаат да ја освојат титулата треба уште многу да се обработи.

“Јасно е дека ја сакаме титулата, и за да дојдеме до неа треба уште многу работи да направиме. Да, создадовме предност од седум бодови, но со максимален фокус гледаме напред. Не смееме да дозволиме да ја изгубиме концентрацијата на ниту еден меч до крајот. Секоја грешка може скапо да не чини. Затоа максимално го почитуваме секој натпревар, секој ривал против кого ќе играме. Во сабота играме со Вардар, одиме подготвени за таа фудбалска претстава. Тој меч за нас ќе биде како финале кое сакаме да го добиеме. Вака ќе биде на секој нареден натпревар“, вели Захов. 

Натпреварот меѓу Вардар и Шкендија ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во сабота со почеток во 15 часот.

Се вчитува...