Закана од Клоп: Ако не ни најдат нормален термин, нема да играме

Ливерпул обезбеди пласман во четвртфиналето од англискиот Карaбао куп по драматичната победа од 5-4 над Арсенал во дуелот од осминафиналето. Пласманот во четвртфиналната фаза му прави проблеми на Ливерпул, па менаџерот Јигрен Клоп уште од сега предупредува дека мора да се синхронизираат термините за четврфиналето во Купот затоа што неговиот тим во периодот во кој се предвидени натпреварите, 17. и 18. декември,  треба да биде во Катар на Светското клупско првенство.

„ФИФА ни вели дека мора да одиме во Катар, Премерлига ни вели дека мора да играме Куп и имаме голем проблем. Но, не ме интересира, ако не ни пронајдат нормален термин, а не некој како 15 часот попладне на Божик, нема да играме. Едноставно мора да најдат решение. Однапред го имаат календарот, знааат дека ќе играме во Катар и требало за ова да мислат на време. Воопшто не ме интересира. Без нормален термин, не играме, нека му го доделат местото во полуфиналето на четвртфиналниот ривал или нека оди да игра Арсенал“ – изјави Клоп.

Ливерпул секако има тежок и набиен распоред, во периодот од 23. неомври до 29. декември треба да одигра 11 натпревари. Тимот на Клоп е лидер во Премиерлигата со шест бода повеќе од актуелниот шампион Манчестер Сити.

Се вчитува...