Залудни протести на ППД Загреб: Анте Гаџа потврди дека е нов ракометар на Вардар!

И покрај тоа што хрватскиот шампион ППД Загреб тврдеше дека Анте Гаџа е нивни ракометар кој нема да се пресели во редовите на Вардар, сепак средниот бек самиот потврди дека од следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.

„Може да потврдам дека сум нов ракометар на Вардар. По заминувањето на Скубе од Вардар го контактирале мојот менаџер и јас без размислување ја прифатив понудата. Сепак, повик од европски шампион не се одбива. Сакам да играм за Вардар затоа што тоа ќе биде чекор напред во мојата кариера“ – вели Гаџа за хрватските медиуми.

Од ППД Загреб претходно потенцираа дека нема да дозволат Гаџа да се пресели во вардаровите редови.

Се вчитува...