Наполи конечно ја заврши потрагата по нов крилен офанзивец кој ќе го змени Кварацхелија по заминувањето на грузискиот фудбалски генијалец во редовите на ПСЖ.
Тимот на Антонио Конте беше поврзуван со неколку опции како Гарначо, Адејеми и Сен Максиман, но „наполитанците“ на крајот изненадија откако изборот падна на Окафор од таборот на Милан. Швајцарскиот интернационалец беше на излезна врата од Милан од почетокот на годинава, трансферот во Лајпциг му пропадна откако падна на лекарските прегледи, но Ноа Окафор во меѓувреме ги надмина проблемите со повредите.
„Наполитанците“ почнаа преговори со Милан пред два дена, за денеска да биде постигнат целосен договор, „сино-белите“ да платат само 1,5 милиони евра за позајмицата на овој фудбалер, со опција летоов да го откупат целосно неговиот договор за дополнителни 23,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА