Замената за Погба на „Олд Трафорд“ ќе дојде од Милано

Иднината на Пол Погба на „Олд Трафорд“ е неизвесна, а во случај францускиот репрезентативец да замине од Манчестер Јунајтед, клубот како негова замена го гледа фудбалерот на Милан, Френк Кеси, пренесуваат англиските медиуми.

Интересно е тоа што и на двата играчи договорите со клубовите завршуваат ова лето и се слободни да ја променат средината без обесштетување, а тоа ќе се обиде да го искористат „црвените ѓаволи“.

Сепак овие планови на манчестерскиот клуб лесно можат да бидат пореметени бидејќи интерес за услугите на 24-годишниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска покажаа и Барселона и ПСЖ.

Се вчитува...