Севилја продолжува забрзано да комплетира трансфери за да состави конкурентен тим, откако неколку стандардни првотимци на почетокот од преодниот рок како слободни играчи го напуштија клубот од Андалузија.
Нов член на Севилја од денеска е Саул Нигез, поранешниот шпански репрезентативец кој доаѓа од редовите на Атлетико Мадрид. Тој не беше дел од плановите на Диего Симеоне, самиот побара да си замине од клубот, а кога Севилја покажа интерес двата клуба експресно постигнаа договор, по што Нигез доби зелено светло да замине на лекарски прегледи и потпис. Саул прифати намалување на платата од речиси 50% само за да се пресели во клуб каде што ќе добие позначајна улога, откако последните две години ги мина греејќи ја клупата.
Тој е второто засилување за средниот ред на овој клуб, откако претходно беше договорено и доаѓањето на Локонга од Арсенал, на позајмица со клаузула за задолжителен откуп следното лето за 12 милиони евра. Покрај Локонга, нов член на Севилја ќе биде и младиот голгетер Марк Гиу, кој за сума од шест милиони евра од Барселона се пресели во Челси, но лондонскиот клуб веднаш даде зелено светло тој да се врати назад во татковината и да мине уште најмалку една година на позајмица во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА