Заминувањето на Кутињо не значи дека Барса ќе може да го регистрира Торес

И покрај тоа што се чинеше дека со заминувањето на Филипе Кутињо, Барселона ќе добие дозвола да го регистрира Феран Торес, сепак, тоа нема да биде доволно, пишува Марка. Трансферот не е официјализиран бидејќи Кутињо е позитивен на коронавирус. Меѓутоа позајмицата на Кутињо во Астон Вила нема да го реши проблемот.

Барселона мора да направи излезен трансфер, и се надева дека тоа ќе се случи до шпанскиот Супер-Куп против Реал. Но, тешко е дека Барса ќе може да го регистрира Феран до тој меч. И Феран е позитивен на коронавирус, па ќе му треба време да се излезе од изолација.

Затоа Барса размислува на втора варијанта, а тоа е Самуел Умтити. Но, и тој треба да замине на позајмица, па така ќе нема излезен трансфер. Сержињо Дест би требал ода биде опцијата за да ослободи место за Торес да биде регистриран.

Се вчитува...