Заминувањето на Роналдо се поизвесно, Манчестер купува напаѓач за 100 милиони евра

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е се поблиску до заминување од „Олд Трафорд“ само една сезона откако стигна од Јувентус. Нема сезона онаква каква што се очекуваше од него, па се погласни се шпекулациите дека Јунајтед на крајот од сезоната ќе се ослободи од него.

Вториот мандат на „Олд Трафорд“ за Португалецот е за заборав. Добриот почеток на сезоната беше засенет со лошото продолжување, а неговата форма оди во надолна линија.

Дека Роналдо ќе си замине доволно зборува фактот што Јунајтед веќе почнува преговори за негова замена. Се споменуваше Халанд, но од него се чини нема ништо, па така челниците на Манчестер се вртат кон голгетерот на Наполи, Виктор Осимен.

Според информациите од Англија, тимот на „црвените ѓаволи“ подготвува понуда од 100 милиони евра за услугите на Нигериецот, која тешко ќе биде одбиена од Наполи. Од друга, страна, пак, и италијанскиот клуб веќе има резервна варијанта ако Осимен замине. Прв на „мета“ се Џанлука Скамака, напаѓачот на Сасуоло.

Се вчитува...