Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини, првиот човек на клубот каде настапуваат македонските репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, за италијанските медиуми откри дека Пауло Дибала во зимскиот преоден рок ќе го напушти шампионот Јувентус. По доаѓањето на Кристијано Роналдо, Аргентинецот ја почна сезоната на клупата за резерви.
„Дибала ќе си замине од Јувентус во јануари. Клубот на него сака да заработи 120 милиони евра, тоа е јасно. Одлуката на Алегри не ја разбирам, тој е одличен фудбалер. Мислам дека ќе ја одбере Шпанија за следна дестинација, иако има понуда и од Премиер – лигата“, изјави Зампарини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА