Легендата на Интер и актуелен потпреседател на клубот, Хавиер Занети смета дека за Мауро Икарди нема место во италијанскиот тим и покрај тоа што Аргентинецот која е на позајмица во Пари Сен Жермен има важечки договор до 2022 година.
На прашање дали смета дека има можност Икарди да има успешно враќање во клубот, Занети одговара дека не верува во таква опција. Иако агентката и сопруга на Мауро Икарди, Ванда Нара најави дека сигурно се враќаат во Италија, во Интер не можат да му ги заборават испадите на Аргентиецот и јавните несогласувања со управат и со навивачите на клубот.
Икарди е на едногодишна позајмица во ПСЖ која завршува на 30.јуни. клуоб е заинтересерна да го задржи и подолго, а за тоа ќе треба да плати 70 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА