Занети: Икарди не се враќа во Интер

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети вели дека Мауро Икарди нема да се врати на „Џузепе Меаца“.

Откако успеа да се конфронтира со навивачите, соиграчите и раководството, Икарди минатото лето го напушти Интер и замина на позајмица во ПСЖ кој се уште не одлучил дефинитивно дали ќе го откупи неговиот договор.

„Моментално не е време да зборуваме за фудбалскиот пазар. Здравјето е најважно. Но, ако треба да се каже нешто на таа тема, тогаш мислам дека Икарди нема да се врати во Интер. Има време да размислиме за тоа. А, што се однесува на шпекулациите за селидба на Лаутаро Мартинез во Барселона, го гледам среќен во Интер“ – вели Занети.

Се вчитува...